ПРЕВЕНТИВНИТЕ АКЦИИ ПРИДОНЕСОА ДА СЕ НАМАЛИ БРОЈОТ НА СООБРАЌАЈНИ НЕСРЕЌИ ВО ВЕЛЕШКО, ВЕЛИ ПОЛИЦИЈАТА

    ПРЕВЕНТИВНИТЕ АКЦИИ ПРИДОНЕСОА ДА СЕ НАМАЛИ БРОЈОТ НА СООБРАЌАЈНИ НЕСРЕЌИ ВО ВЕЛЕШКО, ВЕЛИ ПОЛИЦИЈАТАСе намалил и бројот на жртви и повредени во сообраќајките (Фото: СДК.МК)

    Се намали бројот на регистрирани сообраќајни незгоди во Велешко. На подрачјето на Велес, Чашка и Градско лани биле регистрирани 311 сообраќајни несреќи, додека во 2021 ги имало 338.

    Бројот на жртви во сообраќајни несреќи во 2022 изнесува четири, додека во 2021 имаше шест. Намалување има и во однос на сообраќајните несреќи кои завршиле со тешки повреди, 14 лани наспроти 21 во 2021, како и со лесни телесни повреди – 141 наспроти 156. Ова намалување се должи на превентивните активности и кампањи за подигнување на свеста кај учесниците во сообраќајот, како што се ‘Стави појас додека возиш‘, ‘Алкохолот и воланот се лоша комбинација‘ и ‘Не користи мобилен додека возиш‘“, соопшти Ристе Самарџиев, портпаролот на СВР Велес.

    Лани и екипите на Итната помош имале намален број интервенции при сообраќајни несреќи со 101 повредено лице, наспроти 152 во 2021.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира