ПРИЛЕПСКИ „КОМУНАЛЕЦ“ ВО 2022 ПОДНЕЛ 996 ТУЖБИ ПРОТИВ КОРИСНИЦИ И НАПЛАТИЛ 27 ОТСТО ОД ПОБАРУВАЊАТА, ДОБИ НЕГАТИВЕН РЕВИЗОРСКИ ИЗВЕШТАЈ

    ПРИЛЕПСКИ „КОМУНАЛЕЦ“ ВО 2022 ПОДНЕЛ 996 ТУЖБИ ПРОТИВ КОРИСНИЦИ И НАПЛАТИЛ 27 ОТСТО ОД ПОБАРУВАЊАТА, ДОБИ НЕГАТИВЕН РЕВИЗОРСКИ ИЗВЕШТАЈДржавниот завод за ревизија изрази неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2022 и за усогласеноста со законската регулатива. (Фото: Фејсбук)

    Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Прилеп во 2022 година поднело 996 тужби за наплата на побарувања од граѓаните за услуги во вредност од 3.7 милиони денари, вели извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР). Наплaтен бил износ од 994 илјади денари односно наплатата по основ на тужбите до граѓани е 27 проценти. Ревизорот утврдил дека за период од 2005 до 2022, иако се вршело редовно тужење на физичките лица за неплатени услуги во вкупен износ над 43 милиони денари, наплатени се само 17, 8 милиони денари или 41 процент.

    „Не е извршено вредносно усогласување на побарувањата во вкупен износ од 38 милиони денари, од кои 17 милиони денари побарувања со општ рок на застареност и истите не се наплатени повеќе од 10 години. Побарувања во износ од 21 милион денари се однесуваат за период 2014 -2021 година, истите не се утужени и наплатени повеќе од една година. Причините поради кои истите не се тужени се промена на адреса на живеење, иселени лица, починати лица, лица со не решени имотно-правни односи“, се вели во ревизорскиот извештај.

    Кај побарувањата за правни лица утврдено е дека не е направено вредносно усогласување за побарувања во вкупен износ од 16, 7 милиони денари, и тоа за дел од нив не се поднесени тужби со застареност повеќе од 3 години и тужени.

    „Обрнуваме внимание дека ЈКП ‘Комуналец’ Прилеп во 2022 година е тужена странка во 67 предмети, каде вкупната вредност на тужените барања изнесува 5,9 милиони денари и тоа по основ на: надомест на штета од каснување на куче и неостварени права по Закон за работни односи – бенефициран стаж. ЈКП се јавува како тужител на 63 правни лица во вкупен износ од 4.9 милиони денари. Бидејќи станува збор за судски постапки што се водат пред надлежните судови, а до денот на ревизијата конечниот исход не е познат, постои неизвесност за финансиските импликации врз работењето на ЈКП“, вели извештајот.

    По ова и ред други слабости во финансиското работење на претпријатието, Државниот завод за ревизија изрази неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2022 и за усогласеноста со законската регулатива.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира