ПРИТВОР ОД 8 ДЕНА ЗА ПРОФЕСОРОТ КОЈ СО БОКСИРАЧ ПРЕТЕПА УЧЕНИК ВО СТРУШКАТА ГИМНАЗИЈА

    ПРИТВОР ОД 8 ДЕНА ЗА ПРОФЕСОРОТ КОЈ СО БОКСИРАЧ ПРЕТЕПА УЧЕНИК ВО СТРУШКАТА ГИМНАЗИЈАПритвор за професорот насилник бараа и ученоците на денешниот протест, а во знак на учениците денеска ја бојкотираа и наставата. (Фото: СДК.МК)

    Притвор од 8 дена доби професорот кој вчера со боксирач претепа ученик во струшката гимназија „Ибраим Темо“, соопшти Основното јавно обвинителство Струга. Обвинителството соопшти дека поведе постапка против 57-годишен професор од Струга, за кого постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело Насилство од член 364 став 1 во врска со став 3 од Кривичниот законик.

    „Осомничениот на 23.12.2021 година околу 12,30 часот, со боксирач удрил во пределот на главата на оштетениот ученик на возраст од 18 години. Физичкиот напад следел по кратка вербална расправија на осомничениот професор со мајката на оштетениот ученик. Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Струга достави Предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот на обвинителството и со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 8 дена“, соопшти Обвинителството.

    Притвор за професорот насилник бараа и ученоците на денешниот протест, а во знак на учениците денеска ја бојкотираа и наставата.

    Насилството се случило вчера попладне, по што професорот се заклучил во својот кабинет, а учениците се обиделе да влезат кај него, но за среќа не дошло до поголем инцидент.

    „Слушнав гласини од учениците, викотници. Тој беше заклучен во кабинетот по англиски, а учениците беа собрани пред врата да го претепаат. Наставниците и јас се трудевме максимално да не дојде по поголем инцидент оти во тие моменти учениците беа излезени, можеа и да го убијат“, вели Бесиме Јонузи директорка на ОСУ „Ибраим Темо“.

    На вчерашниот инцидент му претходела вербална расправија во која професорот навредувал негова колешка, по што физички бил нападнат ученикот кој се обидел да му се спротивстави. Нападнатиот ученик со повреди на левата страна од главата заврши во болница, а професорот беше приведен во полиција.

    Од Струшката болница велат дека детето било примено со тешки повреди и веднаш било пренесено на Хируршкото одделение, а по санирање на повредите било пуштено на домашно лекување.

    57- годишниот професор по англиски јазик, кој е суспендиран од работа, и претходно се заканувал на колеги за што бил пријавуван во полиција.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира