ПРИТВОРЕНИ ДВАЈЦА БРАЌА ОД БИТОЛА ЗА МАРИХУАНА

    ПРИТВОРЕНИ ДВАЈЦА БРАЌА ОД БИТОЛА ЗА МАРИХУАНАМерката притвор е изречена за непречено одвивање на кривичната постапка, велат од обвинителството. - Битола (Фото: СДК.МК)

    На предлог на Основното јавно обвинителство Битола, Основниот суд Битола им изрече притвор во траење од 30 дена на двајца браќа од Битола кај кои е најдена марихуана, соопшти Јавното обвинителство.

    „При извршен претрес од овластени службени лица на 20.2.2021 година, во домовите на двајцата осомничени во село Граешница пронајдена е наркотична дрога. Осомничените, од засега непознати лица, неовластено ја набавиле дрогата со намера да ја продадат. Кај едниот од нив, наркотичната дрога марихуана во вкупна нето маса од 1843,6 грама била пронајдена во помошна просторија која е во состав на неговото дворно место. При претресот биле пронајдени и 566 семки со нето маса од 6,92 грама, за кои осомничениот знаел дека се наменети за производство на наркотични дроги“, соопшти обвинителството.

    Двајцата браќа, на возраст од 33 и 29 години, се осомничени за кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

    Од обвинителството велат дека во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител до надлежниот суд достави предлог за определување на мерка притвор за двајцата осомничени.​ Основниот суд Битола го прифати предлогот на обвинителството и на осомничените им определи протвор во траење од по 30 дена.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира