ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ НЕ ЗАСЛУЖУВААТ ПАРИ, АВТОБУСИТЕ ИМ СЕ КРШ, ВЕЛАТ ОД ГРАД СКОПЈЕ ОТКАКО ДЕЛ ОД НИВ ТРЕТ ДЕН НЕ ВОЗАТ

    ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ НЕ ЗАСЛУЖУВААТ ПАРИ, АВТОБУСИТЕ ИМ СЕ КРШ, ВЕЛАТ ОД ГРАД СКОПЈЕ ОТКАКО ДЕЛ ОД НИВ ТРЕТ ДЕН НЕ ВОЗАТГрад Скопје ќе ја преиспитува оправданоста на висината на сумата која дел на приватни превозници ја побаруваат како надомест за нивните услуги.(Фото: СДК.МК)

    Трет ден приватните автобуси на превозникот „Макекспрес“ не возат, а градоначалничката Данела Арсовска ниту имала средба со нив, ниту нуди решение за проблемот. Таа проблемот го префрла кон нив велејќи дека дел од приватните превозници нудат супстандарди услови за превоз и не ги заслужуваат парите кои ги добиваат од Градот за услугата која ја вршат.

    Арсовска сега вели дека автобусите не чинат, а на почетокот на годинава таа им ги продолжи договорите на приватните превозни за сите линии и тогаш не сметаше дека нудат супстандарди услови за превоз.

    Од нејзиниот кабинет не кажуваат дали и кога ќе им биде подмирен долгот и зошто до сега не е најдено решение. Велат дека со тоа што 70 автобуси не возат скопјани не се оставени без дел од јавен превоз туку добиваат редовна услуга бидејќи овие линии ги сервисираат автобусите на ЈСП.

    За разлика од градските автобуси на ЈСП, кај една група на приватни превозници се регистрирани низа неправилности и нерегуларности во нивното работење, како и неисполнувањето на услугите за кои тие наплаќаат од ЈСП. Од супстандардните услови на автобусите, нивната техничка неисправност, саботажа на системот за следење на движењето на нивните автобуси па се` до неисправност на фискалните уреди и непочитување на утврдениот возен ред. Сето ова ни дава за право да ја преиспитаме оправданоста на висината на сумата која оваа група на приватни превозници ја побаруваат како надомест за нивните услуги. ЈСП и Град Скопје во неколку наврати укажаа на овие пропусти и недостатоци, дури беше даден и рок за да се подобрат квалитетот на автoбусите и нивната техничка исправност“, велат од кабинетот на Арсовска.

    Еден од сопствениците на „Макекспрес“ Милорад Димитриевски вели дека кога се нема решение најлесно е преку напад да се префрли вината.

    Не се точни ваквите обвинување, туку напротив Град Скопје и ЈСП се тие кои не ги почитуваат обврските кон нас, па изнесуваат вакви обвинувања од незнаење и ја префрлат вината. Ние трет ден не возиме, ни должат пола милиони евра, а ниту градоначалничката Арсовска ниту некој од Градот досега не се јавил за да се најде решение“, додава Димитриевски.

    Градот освен кон „Макекспрес“ има долг и кон вториот приватен превозник „Слобода превоз“ од 700.000 евра. Тие засега велат дека нема да престанат со возење бидејќи им биле ветено дека до петок ќе добијат пари.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира