ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ ВО СКОПЈЕ ОД УТРЕ ВО 10 ЧАСОТ ЌЕ ЈА БЛОКИРААТ САМО ИЛИНДЕНСКА ОД ФОНТАНА ДО „МИДА“

    ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ ВО СКОПЈЕ ОД УТРЕ ВО 10 ЧАСОТ ЌЕ ЈА БЛОКИРААТ САМО ИЛИНДЕНСКА ОД ФОНТАНА ДО „МИДА“Приватниците ќе ги паркираат автобусите само пред Град Скопје бидејќи сметаат дека единствен виновник за оваа ситуација е Арсовска. (Фото: К. Попов)

    Приватните превозници од утре нема да го блокираат цело Скопје туку само булеварот Илинден на потегот од фонтаната „Лотосов цвет“ до крстосницата кај „Мида“. Иако за пренасочување на блокадите требаше да се носи одлука в сабота, Кемал Муриќ од „Слобода превоз“ вели дека попладнево одржале вонреден состанок на кој е решено да се повлечат автобусите од трите клучни крстосници и да се паркираат пред бараките на Град Скопје и канцеларија на градоначалничката Данела Арсовска.

    „Бесот од ден на ден е поголем и е кон градоначалничката Данела Арсовска. Продолжуваат со лагите, вчера имаа прес-конференција која беше дебакл и се изнесоа само лаги“, вели Муриќ.

    Приватните превозници со 200 автобуси четврти ден ги блокираат клучните крстосници во Скопје, кај Црвен крст, ТЦ „Мавровка“ и Илинденска кај Влада, и бараат Градот да им го исплати долгот од 1,5 милиони евра. Поради тоа градот е парализиран, жителите со саати возат од дома до работа, лекар или на училиште, на постојките нема автобуси кои и онака се ретки, а сега се заглавени и во метежот. Превозниците велат додека не добијат барем дел од долгот од 1,5 милион евра нема да се повлечат.

    Градоначалничката Данела Арсовска, пак, јавно на седница на Советот изјави дека нема намера да им го  плати долгот на приватниците, им рече да ја тужат и четири дена откако Скопје е парализирано не се појавува во јавност туку се крие и не одговара ниту на новинарските повици и пораки.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира