МАСКИРАН СО БЕЛ ЧАРШАВ ОГРАБИЛ АВТОМАТ ЗА ИГРИ НА СРЕЌА ВО ТЕТОВСКО

    МАСКИРАН СО БЕЛ ЧАРШАВ ОГРАБИЛ АВТОМАТ ЗА ИГРИ НА СРЕЌА ВО ТЕТОВСКОПолицијата не кажува како успеала да го открие крадецот и покрај прекриеното тело. (Фото: СВР Тетово)

    Крадец маскиран со бел чаршав преку телото провалил во локал во тетовското село Јанчиште, мислејќи дека така не може да го препознаат. Но, упадот бил снимен на сигурносната камера, по што крадецот бил приведен од тетовската полиција.

    „На 9 јануари во 8 часот Д. С. од Јанчиште пријавил дека во објект – кафе-бар, каде имало поставени и апарати за игри на среќа, во периодот од 1.30 до 7.20 часот непознато лице извршило кражба во објектот. Лицето првин ја отворило влезната врата, а потоа отворило еден од автоматите за игри на среќа. Од автоматот одзел 67.140 денари, дел во евра, а дел во денари. Нешто подоцна, околу 13 часот, поради сомнение дека извршил кражба, приведен е Г. Б. (45) од истото село“, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

    На снимката направена од безбедносната камера во кафе-барот се гледа како едно лице, целото прекриено со бел чаршав, влегува во објектот, мислејќи дека така маскиран не ќе може да го препознаат. Но, тоа не било доволно па полицијата брзо му влегла во трага на крадецот, кој бил од истото село и го привела.

    Полицијата не соопштува како успеала да го открие крадецот.

    З. АНДОНОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира