Основното јавно обвинителство (ОЈО) во Штип отвори предмет по допрен глас откако на социјалните мрежи и медиумите беше објавено видео во кое двајца мажи брутално тепаат девојка и притоа се снимаат. Видеото од насилството потоа е пуштено и на социјалните мрежи. Портпаролот на СВР Штип Гордана Панајотова кажа дека тепачите С. А. (23) и П. Р. (26) се приведени и сега се чека судот да одреди мерка притвор.
„Обвинителството во континуитет презема дејствија со цел сторителите да ги изведе пред лицето на правдата“, велат од ОЈО Штип.
Полицијата која ги утврдува причините за бруталното малтретирање и тепање на девојката, а испитува и кој е снимателот на видеото. Мнистерот за внатрешни работи Наќе Чулев и заменик-министерката Славјанка Петровска го осудија насилството и кажаа дека на случајот работат и Бирото за јавна безбедност и Центарот за социјални работи.
Т. ЈОВАНОВСКИ