ПРОМОВИРАНА ПЛАТФОРМА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЃУБРЕ И ЗАГАДУВАЧИ ВО СКОПЈЕ, ЃОРЃИЕВСКИ ВЕЛИ ЌЕ ЈА ПОДОБРИ ХИГИЕНАТА ВО ГРАДОТ

    ПРОМОВИРАНА ПЛАТФОРМА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЃУБРЕ И ЗАГАДУВАЧИ ВО СКОПЈЕ, ЃОРЃИЕВСКИ ВЕЛИ ЌЕ ЈА ПОДОБРИ ХИГИЕНАТА ВО ГРАДОТрадоначалникот Орце Ѓорѓиевски рече дека оваа платформа е различна од досега постоечките бидејќи пријавите од граѓаните ќе стигнуваат во ИТ одделението во Градот.(Фото:Град Скопје)

    Полни контејнери низ Скопје, диви депонии и загадувачи, ќе можат да се пријавуваат на новата платформа „ЕкоСкопје“. Платформата ја изработија млади луѓе, а ќе ја користат службите на Град Скопје и јавните претпријатија. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски рече дека оваа платформа е различна од досега постоечките бидејќи пријавите од граѓаните ќе стигнуваат во ИТ одделението во Градот, кои ќе бидат задолжени за одржување на платформата, да ги препраќаат до надлежните, односно најмногу до „Комунална хигиена“.

    Како што кажа младиот Андреј Божиновски платформата „Еко Скопје“ е направена да не може да се манипулира, односно, сите оние кое сакаат да пријават некој проблем, може да го поддржат тоа со фотографија, но локацијата ќе ја сликаат преку апликацијата во реално време, односно нема да може да се ставаат слики од полни контејнери и депонии, сликани одамна.

    „Кога ќе забележите дива депонија, проблем со контејнер или друг еколошки проблем, преку платформата испраќате пријава со точна локација, фотографија и краток опис. Така, службите полесно ќе го пронајдат местото и ќе имаат појасна слика за состојбата на терен. По поднесувањето, можете да го следите статусот на пријавата. За граѓаните тоа значи полесно пријавување, поголем увид во постапувањето и подиректна комуникација со институциите. За нас, тоа е дополнителна обврска за одговорност и видливи резултати. Зад секоја пријава стои наш сограѓанин кој очекува решение. Затоа, вредноста на оваа платформа ќе ја мериме преку решените проблеми и промените што граѓаните ќе ги почувствуваат во своето маало“, рече Ѓорѓиевски.

    Платформата е изработена со финансиска поддршка од Европската Унија. Апликацијата наскоро ќе може да се најде и на PLayStore и на APPStore.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира