ПРОНАЈДЕН ЗАГУБЕНИОТ ФРАНЦУСКИ ТУРИСТ НА ПЕЛИСТЕР, СПАСУВАЧИТЕ ТЕЛЕФОНСКИ СТАПИЛЕ ВО КОНТАКТ СО НЕГО

    ПРОНАЈДЕН ЗАГУБЕНИОТ ФРАНЦУСКИ ТУРИСТ НА ПЕЛИСТЕР, СПАСУВАЧИТЕ ТЕЛЕФОНСКИ СТАПИЛЕ ВО КОНТАКТ СО НЕГОМомчето беше залутано кај врвот Антена, а пронајден е по полноќ- Големо Езеро на Баба Планина (Фото: СДК.МК)

    Пронајден е 23-годишниот француски турист кој вчера попладне се загуби на Пелистер. Него го најдоа и го спасија битолските спасувачи од Дирекцијата за заштита и спасување, инаку сите членови на Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“ од Битола.

    По неколку часовна потрага, залутаниот турист беше пронајден по полноќ во високите делови на планината.

    „Го најдовме благодарение на телефонот кој го носеше со него. Неговите пријатели од Битола ни го дадоа неговиот број. Момчето беше залутано кај врвот Антена, откако го добивме на телефон, го наведовме да тргне кон Мало Езеро и го најдовме на патот. Беше исплашен, му дадовме храна, вода и го слеговме во Битола“, рече планинарот и спасувач Петар Нолев.

    Спасувачите вчера мораа да ја напуштат крштевката на ќерката на Нолев за да тргнат во потрага по загубениот странец.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира