При денешното расчистување на изгорената куќа на Паунови, крим техника од СВР Велес пронашла човечки остатоци. Според ОЈО Велес, тие ќе бидат испратени на ДНК-вештачење во Институтот за судска медицина за да се потврди дали се на сопственикот на куќата Миле Паунов (79).
Истовремено трае и истрага за причините на пожарот, кој ја уништи куќата која беше културно наследство и под заштита на државата. Пожарот избувна во петокот околу 22 часот и освен куќата на Паунови, ја уништи и соседната на Маневи, и двете во маалото на Варналиите, старо градско јадро на Велес. Во локализирањето на пожарот учествуваа екипи на пожарникари од Велес, Скопје, Кавадарци, Неготино и Свети Николе.
П. ПЕЧКОВ