ПРООДЕН Е ПАТОТ НА ПЕЛИСТЕР ДО ХОТЕЛОТ „МОЛИКА” ОТКАКО ВО ЧИСТЕЊЕТО НА СНЕГОТ СЕ ВКЛУЧИ ПРИВАТНА КОМПАНИЈА БЕЗ ПАРИЧЕН НАДОМЕСТ

    ПРООДЕН Е ПАТОТ НА ПЕЛИСТЕР ДО ХОТЕЛОТ „МОЛИКА” ОТКАКО ВО ЧИСТЕЊЕТО НА СНЕГОТ СЕ ВКЛУЧИ ПРИВАТНА КОМПАНИЈА БЕЗ ПАРИЧЕН НАДОМЕСТИмаше наврнато снег над еден метар, а снегот продолжи да паѓа и во вечерните часови и утрово (Фото: СДК.МК)

    Приватна компанија дојде напомош и го исчисти патот од снежните наноси на Пелистер за хотелот „Молика“, по повеќечасовните обиди на „Македонија пат” и ЈП „Нискоградба”.

    Директорот на хотелот „Молика”, Горан Исков, за САКАМДАКАЖАМ.МК потврди дека по негово барање, вчеравечер во чистењето на патот се вклучила приватна фирма, која го направила тоа без надомест и дека патот е прооден, но само за патување со зимски гуми.

    Поради снежните врнежи, вчера целиот ден не беше прооден патот на Пелистер до „Молика”, па туристите во хотелот не можеа да се вратат дома, а ни да се направи смена на персоналот. Патот со часови се обидуваа да го исчистат „Македонија пат” и „Нискоградба”. Имаше наврнато снег над еден метар, а снегот продолжи да паѓа и во вечерните часови и утрово.

    Непрооден беше и патот од другата страна на планината, за Ниже Поле, каде со часови останаа заглавени туристи и локално население, а населбата беше и без струја. Вчеравечер, од ЈП „Нискоградба” соопштија дека е прооден и патот за Ниже Поле.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира