ПРОПАДНА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ЗАКУП НА ГРАДСКИОТ БАЗЕН ВО ВЕЛЕС ОТИ НИКОЈ НЕ СЕ ПРИЈАВИЛ

    ПРОПАДНА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ЗАКУП НА ГРАДСКИОТ БАЗЕН ВО ВЕЛЕС ОТИ НИКОЈ НЕ СЕ ПРИЈАВИЛОпштината предлага со базенот сега да работи ЈП „Парк, спорт и паркинзи“. (Фото: СДК.МК)

    Никој не сака да го работи Градскиот базен во Велес, оти на објавата за давање под закуп никој не се јавил, па јавното наддавање не се одржало.

    Општинскиот Совет на 11 мај донесе одлука за изнајмување на базенот по пат на јавно наддавање.

    „Посебно формирана комисија спроведе објава за издавање под закуп, преку системот за електронско јавно наддавање. Повикот траеше до 3 јуни. На истиот немаше пријавено заинтересирани закупувачи. Согласно ова сметавме дека и да го ставиме на втор обид, повторно за објава за закуп, истиот би бил неуспешен“, соопшти локалната власт.

    Градскиот базен се издаваше по месечна цена од 86 илјади денари за три месеци, од јули до септември, додека за останатите месеци е три илјади денари. Период на изнајмување беше три години.

    За да Градскиот базен се стави во функција, од локалната власт до Советот испратија предлог-одлука со која ЈП „Парк, спорт и паркинзи“ би работел со објектот. Сметаат дека тоа е најбрзото решение пред почетокот на сезоната за капење оти во прашање се денови.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира