ПРОПАЃА НАЈВРЕДНАТА ЗБИРКА НАРОДНИ НОСИИ ОТИ НЕ ВРЕДИ КОЛКУ ШТИКЛИТЕ НА МИНИСТЕРКАТА БЕТИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Куманово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРОПАЃА НАЈВРЕДНАТА ЗБИРКА НАРОДНИ НОСИИ ОТИ НЕ ВРЕДИ КОЛКУ ШТИКЛИТЕ НА МИНИСТЕРКАТА БЕТИ

    Неповратно исчезнува македонското културно наследство поради негрижа на државата. Таков пример е една од највредните приватни збирки на рачни ракотворби и етнолошки предмети, која повеќе од четири децении ја создава Златко Давитковски од кумановското село Режановце. Станува збор за над 4.000 предмети, пред сѐ 1.000 народни носии и 300 килими, традиционални садови, музички инструменти, алатки кои се незаштитени и препуштени на забот на времето. Иако државата ветила изградба на етно музеј во дворот на црквата „Свети Јован Опсечен“ во Режановце, реализацијата не е на повидок.

    Со сопствени средства, пред 4 години Давитковски црковната трпезарија на „Свети Јован Опсечен“ во Режановце ја преуредил во мини-музеј, каде се изложени 40-тина најубави носии, дваесетина килими и други предмети, но најголемиот дел од збирката остана далеку од очите на јавноста (Фото: СДК.МК)

    Со сопствени средства, пред 4 години Давитковски црковната трпезарија на „Свети Јован Опсечен“ во Режановце ја преуредил во мини-музеј, каде се изложени 40-тина најубави носии, дваесетина килими и други предмети, но најголемиот дел од збирката остана далеку од очите на јавноста (Фото: СДК.МК)

    „Пред 5 години е изработен проект за изградба на етнолошки музеј во кој ќе биде изложено сѐ што поседувам во збирката. Но засега нема изгледи дека брзо ќе се гради, бидејќи во програмата на Министерството за култура и за наредната година го нема новиот музеј“, вели Давитковски.

    Со сопствени средства, пред 4 години Давитковски црковната трпезарија ја преуредил во мини-музеј, каде се изложени 40-тина најубави носии, дваесетина килими и други предмети, но најголемиот дел од збирката остана далеку од очите на јавноста и посетителите.

    Министерството за култура пред 4 години одвоило 700 евра помош за уредување на малиот музеј во Режановце и за конзервација на носиите, а Давитковски се шегува дека повеќе вредат штиклите на министерката Елизабета Канческа-Милевска, отколку помошта што ја одвоила за етнолошки музеј во Режановце (Фото: СДК.МК)

    Министерството за култура пред 4 години одвоило 700 евра помош за уредување на малиот музеј во Режановце и за конзервација на носиите, а Давитковски се шегува дека повеќе вредат штиклите на министерката Елизабета Канческа-Милевска, отколку помошта што ја одвоила за етнолошки музеј во Режановце (Фото: СДК.МК)

    „Стојат на купче во 16 квадрати и никој не може да ги види. А се работи за  носии и килими стари и преку 100 години. Ако навреме се конзервираат уште толку ќе живеат, а вака останува молци да ги изедат и од влага да скапат. Јас немам пари за нивна конзервација ниту, пак, можам да го платам одржувањето и чистењето на музејот, вели Давитковски.

    Разочаран од она што му се случува, тој е подготвен да продаде дел од носиите и со тие пари сам да започне изградба на нов музеј. Претходно ќе побара да се оформи комисија која ќе направи стручна проценка колку е нивната вредност и потоа ќе го извести Министерството за култура и сите музеи за неговата намера.

    „Ако државата сака да го направи музејот нека ја земе збирката, ако не, ќе продадам дел од неа на приватни лица и со тие пари сам ќе градам. Јас знам дека со тоа многу ќе изгубам, бидејќи носиите ќе се разнесат, но немам друг начин да спасам бар нешто што можа да се спаси, бидејќи не можам да гледам пред мои очи да се распаѓа, а ништо да не превземам, – вели Давитковски со солзи во очите.

    Тој со многу љубов и со гордост зборува за носиите кои се вистинско ремек дело, а секоја од нив има своја животна приказна која Злате ја памети и ја прераскажува. Собирањето на носии во сите делови на државата и регионот била негова пасија, но и начин на живот да им помага на луѓето и да остави трага за идните поколенија. За него највредна е носијата на мајка му, стара преку 150 години, која тежи 22 килограми. За да се изработи биле потребни најмалку 5 месеци, бидејќи содржи три носии кои невестата ги носела една врз друга на свадбата. Во новиот музеј планира да постави ткаечка работилница и на посетителите да им го претстави целиот процес од предењето на волната преку ткаењето и украсувањето на носиите.

    „Полн сум со револт. Нашите обичаи се ставени под нозе и паѓаат во заборав. Ни се нуди некоја нова култура, наместо на нашите предци. Облеката, начинот на нивната изработка, ткаењето, алатките со кои се обработувала земјата, занаетите, предметите за домаќинство. Имам и големо фолклорно богатство, преку 500 народни песни кои ги собирав по селата во Македонија, а нема на кого да ги пренесам. Нашите деца нема каде да видат како живееле нашите дедовци. Луѓето што се посветиле на оваа работа наместо да се наградат се казнуваат. А за мене нема поголема казна отколку да гледам како пропаѓа мојот труд и мака“, додава Давитковски.

    Разочаран од она што му се случува, Давитковски е подготвен да продаде дел од носиите и со тие пари сам да започне изградба на нов музеј (Фото: СДК.МК)

    Разочаран од она што му се случува, Давитковски е подготвен да продаде дел од носиите и со тие пари сам да започне изградба на нов музеј (Фото: СДК.МК)

    Давитковски како домар во црквата во село Режановце живееше повеќе од 40 години, но полани од Кумановско-Осоговската епархија добил забрана да им помага на луѓето, по што го напуштил селото. Доаѓа повремено само за празници. Мешатните кажуваат дека неговото отсуство насекаде се забележува, бидејќи музејот е затворен, а дворот кој беше рај за очите и душата на посетителите е запуштен. Сега нема кој да ги пречека и да им отвори на гостите.

    „Злате во нашето село дојде 1970 од Крива Паланка, како младо момче на 18 години. Се зафати да го среди местото и благодарение на него е направено ова што го гледате. Ова беше негов дом, бидејќи нема свое семејство. Поранешниот владиката Кирил му даваше целосна подршка, но сега дојдоа некои нови луѓе и се воведоа нови правила. Но се направи штета, местото замре и ништо не е како што беше порано. Создаде големо богатство кое е оставено да пропаѓа и на никого не му е грижа за тоа. Во Скопје се изградија толку споменици, а овде не сакаат една зградичка да направат“, вели Душко Николовски (83), член на црковниот одбор во Режановце.

    Министерството за култура пред 4 години одвоило 700 евра помош за уредување на малиот музеј во Режановце и за конзервација на носиите. На отворањето присуствуваше и министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.

    Златко вели дека тие пари не му биле дадени нему туку на стручните лица кои му помагале во конзервација и уредување на просторот, а тој ги платил сите градежни зафати, витрините, куклите, осветлувањето и друго. Тој на шега вели дека повеќе вредат штиклите на министерката, отколку помошта што ја одвоила за етнолошки музеј во Режановце.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари