ПРОСВЕТНИОТ ИНСПЕКТОР НАРЕДИ НАСТАВАТА ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ВЕЛЕС ДА ПОЧНУВА ВО 7.15 ЧАСОТ ЗА ДА НЕМА СКРАТУВАЊЕ НА ЧАСОВИ

    ПРОСВЕТНИОТ ИНСПЕКТОР НАРЕДИ НАСТАВАТА ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ВЕЛЕС ДА ПОЧНУВА ВО 7.15 ЧАСОТ ЗА ДА НЕМА СКРАТУВАЊЕ НА ЧАСОВИПоследните часови досега биле скратени на 40 минути поради потребата училниците да бидат подготвени за втората смена или поради организираниот превоз (Фото: СДК.МК)

    Повеќе од еден месец, учениците во средните училишта во Велес наутро одат на училиште во нов термин, во 7.15 часот, место во 7.30, како што беше досега. Ова се однесува на сите четири средни училишта во градот: гимназијата „Кочо Рацин“, хемиското „Димитрие Чупоски“, УЗУС „Коле Неделковски“ и економското „Јовче Тесличков“. Иако наставата почнуваше во 7.30 часот, дури сега просветните инспектори констатирале дека последните часови биле скратени, што не смеело да се случи.

    „Последните часови биле скратени на 40 минути поради потребата училниците да се проветрат, исчистат и да бидат подготвени за втората смена, а во Економското поради организираниот превоз на учениците, за да можат да го фатат автобусот со учениците од други училишта, а кои патуваат за исто населено место. Ова го констатирал овластениот општински просветен инспектор, по што е дадена наредба сите часови да траат по 45 минути, поради што наставата во сите четири средни училишта сега почнува во 7.15 часот“, објасни градоначалникот Аце Коцевски.

    На забелешката на просветните инспектори реагираше професорот од „Коле Неделковски“, Трајко Ајтов, поранешен директор во ова училиште.

    „Инспекторите да ја проверат преоптовареноста на учениците со часови и да утврдат според педагошките норми колку часови е препорачливо да имаат и кој е максималнио(Фт фонд на часови“, праша Ајтов.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира