ПРОТЕСТ ВО СТРУМИЧКО ЗА ВЕТЕН, А НЕИЗГРАДЕН ТРОТОАР ОД 300 МЕТРИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Струмица,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРОТЕСТ ВО СТРУМИЧКО ЗА ВЕТЕН, А НЕИЗГРАДЕН ТРОТОАР ОД 300 МЕТРИ

    Жителите од струмичко Петралинци се заканија дека ќе го блокираат патниот правец кон Берово, доколку општина Босилово не изгради тротоари вдолж целото село. Тие излегоа на протест откако разбрале дека општината нема да постави тротоарско решение на делница од 300 метри која е најнебезбедна заради фрекфенцијата од возила кон Берово. Таму поминува и водотек поради што пешаците се приморани да се движаат по самиот регионалниот пат. Од општината побараа да си стои на зборот и ветеното да го реализира.

    „Секој ден стравуваме за безбедноста на нашите деца кога одат на училиште. Градоначалникот вети дека ќе има тротари, а сега ништо. Не е во ред половина село да има тротоари, а онаму каде е најнебезбедно за нас и нашите деца да нема. Еве завчера неколку деца за да избегнат камиони паднале во каналот оти нема безбеден троатоар“, реагираа жителите од Петралинци.

    Градоначалникот на Босилово Љупчо Колев истакна дека за делницата од 300 метри потребен е посебен проект бидејки таму има и водотек кој доаѓа од Хамзали. Се разгледувала опцијата дали тој да биде отворен или затоворен па да се поставува тротар. Не конкретизираше временска рамка кога останатиот дел од селото ќе добие тротоар вдолж патот кон Берово

    „Не сакам да конкретизирам рокови. Откако ќе биде изработени проект за таа делница согласно законската реуглатива, ќе поставиме тротоари и таму“, рече првиот човек на Босилово Колев

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира