ПРОТЕСТИРАА ШУМСКАТА, ЗАТВОРСКАТА И СУДСКАТА ПОЛИЦИЈА ЗА ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ

    ПРОТЕСТИРАА ШУМСКАТА, ЗАТВОРСКАТА И СУДСКАТА ПОЛИЦИЈА ЗА ПОГОЛЕМИ ПЛАТИБарањата на Независниот полициски синдикат се се повисока плата за 25 отсто, почнувајќи од месец октомври 2019 и колективен договор со шумска и затворската полиција. (Фото: СДК.МК)

    Утрово вработени во полицијата, шумската, затворската и судската полиција од Велес протестираа барајќи повисоки плати. Од 7 до 9 часот го блокираа влезот од магистралниот пат Велес – Штип. Организирани од Независниот полициски синдикат, според нивните најави вакви протести утрово имало и во Штип, Прилеп, Виница, Прилеп, Кичево, Куманово, Тетово. Протестот беше под мотото „Враќање на достоинството на полицијата“.

    „Нашите барања се повисока плата за 25 отсто, почнувајќи од месец октомври 2019, колективен договор со шумска и затворската полиција. Бараме повисока плата оти месечниот пораст на трошоците за живот изнесува над 5% во последните три месеци“, стои во писменото барање кое подоцна во текот на денот ќе биде доставено и до Владата.

    Ваков протест е најавен и за среда наутро, во истиот термин, на истите локации.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира