ПРОТЕСТИРААТ ВРАБОТЕНИТЕ ВО „ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“ НА ГРАД СКОПЈЕ, НЕМА ПЛАТА ЗА АВГУСТ НИ ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

    ПРОТЕСТИРААТ ВРАБОТЕНИТЕ ВО „ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“ НА ГРАД СКОПЈЕ, НЕМА ПЛАТА ЗА АВГУСТ НИ ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕОд Синдикатот велат дека побарале средба со раководството на претпријатието, но никој не им одговара на нивните барања. (Фото: К. Попов)

    Вработените во ЈП „Паркови и зеленило“ на Град Скопје и нивните фирми „Флораком“ и „Луна“ денеска излегоа на протест блокирајќи го мостот „Гоце Делчев“ во центарот на градот. Протестираат бидејќи немаат земено плата за месец август, а од денеска се и без здравствено осигурување.

    Очекувавме вчера да биде исплатена платата за вработените. Но, за жал, платата не е исплатена и од денес вработниците остануваа без здравствено осигурување и сите кои имаат здравствени проблеми нема да можат да ја земат својата терапија. За жал, имаме колеги кои се со онколошки проблеми и тие сега не можат да се лекуваат“, рече претседателот на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва – СУТКОЗ, Стојанче Кашиковски.

    Од Синдикатот велат дека побарале средба со раководството на претпријатието, но никој не им одговара на нивните барања.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира