ПРВО ОПОМЕНИ, ПА КАЗНУВАЊЕ, ДОГОВОРИЛЕ СООБРАЌАЈНАТА ПОЛИЦИЈА И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ВЕЛЕС

    ПРВО ОПОМЕНИ, ПА КАЗНУВАЊЕ, ДОГОВОРИЛЕ СООБРАЌАЈНАТА ПОЛИЦИЈА И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ВЕЛЕСКолев поканил претставници на сообраќајната полиција да дојдат на седница на Совет на Општината, за да изворно ги слушнат проблемите. (Фото: СДК.МК)

    Проблемите во сообраќајот во Велес кои се големи и сериозни, ќе се решаваат со превентивно делување на сообраќајната полиција, а ко тоа не донесе ред, тогаш ќе се започне со казнување, кажа градоначалникот на Велес Марко Колев по средбата со новиот комадир на собораќајната полиција Трајче Мечалов. Колев средбата ја најави претходно на седница на Советот, а по реакциите на граѓаните и советниците за итно решавање на бројните проблеми кои го отежнуваат редовниот сообраќај и живот.

    Биле констатирани неколку приоритетни проблеми чии решенија се итно потребни.

    „Да се ослободат паркинг местата за легалните таксисти за да може да се паркираат каде им е местото, а не обележаниот паркинг простор да биде зафатен од други возачи. Тие треба да бидат казнувани согласно непочитувањето на сообраќајните правила и прописи. Сообраќајниот метеж при носењето и земањето деца на училиште во ОУ ‘Блаже Коневски’. Проблемот со минувањето на пешачки премин на учениците од средните училишта при големите одмори во ‘Коле Неделковски’, ‘Димитрија Чуповски’, гимназијата. Се зборуваше и за решавање на паркирањето на улицата Димитар Влахов кај ДОЗ, потоа на крстосницата кај кафаената ‘Даце’. Секако и паркирањето кај Комерцијална банка на платото кај НА-МА. Ако не се преземе нешто од сообраќајната полиција, тогаш ние како локална самоуправа ќе поставиме некаква физичка бариера, но и да овозможиме пристап за маркетот кој тука носи стока. Се договоривме да не се казнува за сообраќјните прекршоци, туку превентивно да се делува. Ако не се почитува редот, тогаш ќе се казнува. Останува да видиме што ќе преземе сообраќајната полиција“, рече Колев.

    Тој додаде дека поканил претставници на сообраќајната полиција да дојдат на седница на Совет на Општината, за да изворно ги слушнат проблемите.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира