ПЦОВИСАНИТЕ СВИЊИ НАЈДЕНИ ПРЕД ЕДЕН МЕСЕЦ БЛИЗУ ВЕЛЕС НЕ БИЛЕ ЗАРАЗЕНИ СО СВИНСКА ЧУМА, ВЕЛИ ВЕТЕРИНАРНАТА ИНСПЕКЦИЈА

    ПЦОВИСАНИТЕ СВИЊИ НАЈДЕНИ ПРЕД ЕДЕН МЕСЕЦ БЛИЗУ ВЕЛЕС НЕ БИЛЕ ЗАРАЗЕНИ СО СВИНСКА ЧУМА, ВЕЛИ ВЕТЕРИНАРНАТА ИНСПЕКЦИЈАДесетте угинати свињи беа најдени на 14 април иако биле фрлени на тоа место пет дена порано, а по реакцијата на жителите на блиското село Мамутчево, и потоа беа закопани во јама длабока три метра, гробницата дезинфицирана и попрскана со вар. (Фото: СДК.МК)

    Пцовисаните свињи, кои пред месец дена беа пронајдени во околината на Велес, не се болни од опасни заразни болести актуелни во животинскиот свет и не се закана по околината, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство. Случајот од ветеринарна страна е затворен.

    „Дилемата дали угинатите свињи имаа опасна заразна болест е расчистена. Надлежната лабораторија од Ветеринарен факултет, констатира дека нема африканска свинска чума или класична свинска чума. Направивме истрага по фармите кои се во близина на местото каде беа пронајдени пцовисаните свињи и нема констатирано дека тие се сопственици. Најверојатно, причината за смртта е задушеност или несоодветен транспорт на животните. Но за тоа одговор ќе треба да даде МВР, бидејќи случајот е препратен кај нив“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК заменикот-директорот на Агенцијата за храна и ветерина Фирус Мемед.

    Десетте угинати свињи беа најдени на 14 април иако биле фрлени на тоа место пет дена порано, а по реакцијата на жителите на блиското село Мамутчево. Пцовисаните свињи потоа беа закопани во јама длабока три метра, гробницата дезинфицирана и попрскана со вар.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира