РАБОТИЛНИЦА ЗА ЧИТАЊЕ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ УТРЕ ВО БУЊАКОВЕЦ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    РАБОТИЛНИЦА ЗА ЧИТАЊЕ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ УТРЕ ВО БУЊАКОВЕЦ

    Здружението на граѓани Плоштад Слобода утре во Железничката зграда во Буњаковец во Скопје организира работилница за читање урбанистички планови. Посетителите ќе добијат стручни инструкции за читање на детални урбанистички планови, а најавена е и дискусија околу потребата од јавност и учество во процесите на просторно планирање.

    „Работилницата е наменета за оние кои мислат дека маалото и градот им го уредуваат локални моќници – политички и бизнис, за оние кои мислат дека премногу се асфалтира и бекатонира наместо да се раззеленува, за оние кои не се архитекти, а сакаат да разберат што се случува во нивното маало и во нивниот град, за сите што сакаат да се вклучат во некаков процес на следење на работата на општините, но немаат доволно вештини, за сите кои се засегнати од намерите на ликовите од џиповите, кои не стапнуваат по нашите маала, улици и паркови, а си играат урбанисти и ги уредуваат и за сите оние кои знаат да ценат добра архитектура и не ги откриле сите тајни на Железничката зграда“, велат од Плоштад Слобода.

    Проектот на „Плоштад Слобода“ е насловен „Град за сите“, а поддржан е од фондацијата Хајнрих-Бел. Работилницата се одржува во рамки на фестивалот Поп-ап Акто Скопје и во соработка со Заедницата на станари на зградата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира