РАСЧИСТЕН Е СЛУЧАЈОТ СО НАВОДНО КИДНАПИРАЊЕ ВО КАРБИНЦИ, НЕМА КРИВИЧНО ДЕЛО, ВЕЛИ МВР

    РАСЧИСТЕН Е СЛУЧАЈОТ СО НАВОДНО КИДНАПИРАЊЕ ВО КАРБИНЦИ, НЕМА КРИВИЧНО ДЕЛО, ВЕЛИ МВРНа 5 декември во основното училиште „Страшо Пинџур“ во штипското село Карбинци имаше прекин на наставата откако се рашири вест за неуспешен обид за киднапирање на ученици.(Фото: СДК.МК)

    Министерството за внатрешни работи соопшти дека е расчистен случајот со наводно киднапирање на девојче во штипското село Карбинци, при што е утврдено дека нема елементи на кривично дело.

    „Веднаш по добивањето на пријавата, полициски службеници излегоа на терен. Преземени се низа оперативно-тактички мерки и дејствија во координација со Јавен обвинител од штипското обвинителство, извршени се разговори со лица кои биле сведоци на случајот во присуство на родители, но и со претставници на училиштето, а по преземени активности беше пронајден и 20-годишникот со кој беше извршен службен разговор во врска со случајот. Притоа, од сите реализирани дејствија и прибавени докази не се утврдени основи за постоење на кривично-правен настан“, велат од МВР.

    Од Министерството додаваат дека целокупниот доказен материјал од преземените мерки и активности со соодветно известување ќе биде доставен до надлежното Основно јавно обвинителство и до Центарот за социјална работа во Штип за нивно понатамошно постапување.

    На 5 декември, во основното училиште „Страшо Пинџур“ во Карбинци имаше прекин на наставата откако се рашири вест за неуспешен обид за киднапирање ученици. Од полицијата уште истиот ден ја демантираа оваа вест, велејќи дека станува збор за покана за кафе за ученичка, која одбила и веднаш пријавила кај директорката.

    Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски после овој настан изјави дека градоначалникот на Карбинци, Виктор Паунов, собира политички поени на мртви души.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира