Улицата Даме Груев во Скопје, на потегот кај ТЦ „Палома Бјанка“ кон Градски ѕид, од денеска е раскопана и во дел затворена за сообраќај поради реконструкција. Но, иако станува збор за прометна улица во строгиот центар на градот, Град Скопје не информираше за овој зафат.
Од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска не испратија соопштение ниту свикаа прес-конференција.
Градежните работи на терен ги изведува ЈП „Улици и патишта“, но ни оттаму нема информација за режимот на сообраќај додека трае реконструкцијата и за колку време ќе биде завршена.
Улицата Даме Груев е полна со дупки, долж цела улица се паркирани коли, а дополнителнo секојдневно се раскопува поради градилиштето на хотелот ТЦЦ „Плаза“, за кој нема дозвола за градба, но сепак повремено се изведуваат градежни работи.
А. АНТЕВСКА