Додека низ градот во тек се предновогодишните славења и забави, во битолското обвинителство продолжуваат распитите на учесниците во Шарената револуција. Според проценки на „шарените“, најмалку седумдесетина битолчaни се повикани на разговор заради учество во протестите во април годинава кога беше гаѓана со боја општината.
„Шарените“ велат дека на разговор се повикани и други битолчани покрај 26-мина, против кои МВР поднесе кривични пријави за оштетување туѓи предмети. Меѓу нив има и членови од здружението „За нас се работи“.
Според „шарените“, обвинителството располага со имиња на учесници во протестите, а најголемиот број на распити се кај една иста обвинителка. Битолчаните повикани на разговор биле прашувани „дали ја крешевте вратата од општината, дали го оштетивте стаклото од балконот , дали бевте организирани и од кој?“
Денес на распит беше и Зоран Димовски од битолското село Логоварди.
„Отидов со шалот ‘За живот во Македонија’ и им реков ‘гледам дека Ви се допаѓа, па ќе ви го оставам на крајот на распитот’. Ме прашаа ‘дали со група од 14 лица ја оштетив зградата на општината?’ ‘Кoи 14 лицa’, oд кaј дa знaм вo кoе друштвo сте сме сместиле? ‘А двaтa глaвните зoштo не се oбвинети’, прaшав. ‘Кoи глaвни?’ ме прaшаа. ‘Пa тие двaјцa штo не сoбрaa спoнтaнo дa прoтестирaме Ѓoрге Ивaнoв и Никoлa Груевски’, им реков. Во записникот пишуваа лицето Зoрaн Д. тврди декa никoгaш не фрлaлo сo бoјa, јaјцa и тврди предмети…’Се извинувaм гoспoѓo јaс не рекoв никoгaш’, ги прекинав. ‘А сте фрлaле некoгaш?’. ‘Дa и велaм, еднaш кo мaл кo имaв 5 гoдини’“,раскажува Димовски.
Од битолското обвинителство не откриваат дали ќе биде поднесено обвинените против „шарените“. Од таму ни рекоа дека во секоја предистражна постапка, податоците се чуваат во тајност и