РЕДИЦИ ВО ГРАД СКОПЈЕ ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕРТЕРИ

    РЕДИЦИ ВО ГРАД СКОПЈЕ ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕРТЕРИАплицирањето почна денеска и ќе трае додека не се потрошат предвидените средства (Фото: А. Антевска)

    Редици граѓани од рано утро чекаа пред барака 16 во Град Скопје за да аплицираат за субвенции за инвертери. Во бараката немаше место за сите заинтересирани, па редицата излегуваше и надвор.

    Аплицирањето почна денеска и ќе трае додека не се потрошат предвидените средства. Доделувањето на субвенциите е по принципот „прв дојден, прв услужен“, а пари има за 1.300 домаќинства, за што од буџетот на Градот се обезбедени 20 милиони денари.

    За секој купен инвертер клима уред, секој граѓанин кој ќе ги исполни условите за субвенционирање, ќе има можност да добие половина од неговата вкупна вредност, но не повеќе од 15.000 денари.

    Годинава, Градот за првпат дава субвенции за инвертери. Како што кажа градоначалникот Петре Шилегов, ова е една од мерките против загадувањето, односно начин да се стимулираат граѓаните да се префрлат на еколошки начини на греење.

    Град Скопје дава субвенции и за печки на пелети, велосипеди и за чистење оџаци.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира