РЕСЕН БЕЗ НОВОГОДИШНО УКРАСУВАЊЕ, СО ПАРИТЕ ЌЕ СЕ ПОМОГНАТ СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИТЕ СЕМЕЈСТВА

    РЕСЕН БЕЗ НОВОГОДИШНО УКРАСУВАЊЕ, СО ПАРИТЕ ЌЕ СЕ ПОМОГНАТ СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИТЕ СЕМЕЈСТВАРесен ја донесе одлуката поради очекуваната енергетска криза

    Традиционалното новогодишно украсување на Ресен оваа година ќе биде изоставено, соопшти градоначалникот Јован Тозиевски.

    „Оваа одлука ја поткрепуваме и со фактот дека Македонија се наоѓа пред енергетска криза и поради тоа следуваат ограничувања во однос на минималното осветлување на улиците, плоштадите и објектите. Во вакви услови, надополнети со ковид пандемијата, невработеноста и сиромаштијата, сметаме дека парите треба да бидат пренаменети онаму каде што се најпотребни“, соопшти Тозиевски.

    Парите кои беа планирани за украсување на градот ќе бидат искористени за помош на социјално загрозените граѓани од Ресен.

    Ж.ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира