Новиот градоначалник на Скопје Петре Шилегов денеска ја презеде функцијата од претходникот Коце Трајановски и рече дека од утре започнува да работи за решавање на загадениот воздух и сообраќајниот хаос. Тој се заблагодари на граѓаните што гласале за промени.
„Победата претставува голема обврска, ќе работиме трансапарентно и отчетно со консултација со граѓаните и граѓанските организации”, рече Шилегов.
Трајановски при предадавањето на функцијата им се заблагодари на сите што гласале за него.
„Благодарност до сите што гласаа за мене, што го препознаа мојот труд и моите резултати. На Шилегов му посакувам сѐ што вети да го исполни и да ги заврши дел од почнатите досегашни проекти. Јас не избркав никого, Шилегов треба да ги искористи капацитетите на градската администрација“, рече Трајановски после примопредавањето на функцијата.