РЕВИЗИЈА ЗА СЛУЧУВАЊАТА ОД 2001 ГОДИНА ЌЕ БАРААТ МАКЕДОНСКИТЕ БРАНИТЕЛИ

    РЕВИЗИЈА ЗА СЛУЧУВАЊАТА ОД 2001 ГОДИНА ЌЕ БАРААТ МАКЕДОНСКИТЕ БРАНИТЕЛИ„Во земјава има лица кои земаат пензии, а ниту го помирисале барутот, ќе бараме ревизија за да се утврди кој незаслужено зел обештетување и привилегии“, рече бранителот Сашо Гилевски-Качо, кој во 2001 беше ги извлекуваше телата на загинатите колеги кај Вејце, на денешното оддбележување на 19-годишнината од смртта на осумте припадници на безбедносните сили. (Фото: СДК.МК)

    Дел од семејствата на бранителите што загинаа во конфликтот во 2001 сѐ уште се необештени, па ќе побараме ревизија за случувањата од 2001-вата, секој да го добие заслуженото, рече бранителот Сашо Гилевски-Качо на денешното оддбележување на 19-годишнината од смртта на осумте припадници на безбедносните сили кај Вејце. Меѓу загинатите беа и битолчаните Марјан Божиновски, Кире Костадиновски, Бошко Најдовски и Илче Стојановски, па денес беше положено цвеќе пред споменикот Ангел во Градскиот парк и пред спомен-обележјето за бранителтите пред СВР Битола.

    „Но, дел од семејствата на загинатите се сѐ уште необештетни. Ние што останавме живи од конфликтот во 2001 година со 1.500 денови терен сме сѐ уште незадоволни , сѐ уште нема закон и најверојатно за следната 20-годишнина ќе бараме ревизија на цела 2001 година. Секој кој има засужено да си го добие заслуженото. Во Битола единствено што не е обештетно е семејството на Божиновски , тогаш различни судови носеа различни судски решенија за отштетата. Тие ја бараа паравдата во Скопскиот суд, за разлика од другите семејства кои ја бараа правдата во Битолскиот суд“, рече Гилевски.

    Тој појасни дека во земјава има лица кои земаат пензии, а ниту го помирисале барутот, ќе бараат ревизија кој незаслужено зел обештетување и привилегии.

    „Да се донесе конечно еден закон за бранители, за луѓе кои носат униформа, еднаш точно да се знае колку следува за загинат бранител и за неговото семејство. Не може животот на загинат бранител од 2001 година да чини милион денари, а загинат бранител во Диво Насеље 5 милиони денари“, рече Гилевски.

    На чествувањето во Битола присуствуваше врвот на МВР, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, заедно со дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Славјанка Петровска и директорот на Бирото за јавна безбедниост Сашо Тасевски.

    Цвеќе положија преставници на локалната власт, советници, политички партии, инстутуции, здруженија и семејствата на бранителите.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира