РОДИТЕЛИ БАРААТ ОДГОВОРНОСТ ОД ДИРЕКТОРОТ НА ПРИЛЕПСКАТА ГИМНАЗИЈА ЗА ПОЛИТИЧКО АГИТИРАЊЕ ПРЕД УЧЕНИЦИ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Прилеп,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    РОДИТЕЛИ БАРААТ ОДГОВОРНОСТ ОД ДИРЕКТОРОТ НА ПРИЛЕПСКАТА ГИМНАЗИЈА ЗА ПОЛИТИЧКО АГИТИРАЊЕ ПРЕД УЧЕНИЦИ

    Педесетина родители на ученици во прилепската гимназија „Мирче Ацев“ денеска протестираа во училишниот двор во знак на револт поради вчерашниот политички говор на директорот Кире Николоски за да ги стимулира децата да одат на протестите на ‘За заедничка Македонија’. Гимназијалците го снимиле говорот на Николоски и вчера објавија и видео клип на социјалните мрежи. Директорот Кире Николоски е истакнат член на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп.

    „Бараме одговорност, оставка од директорот, бараме Државниот просветен инспекторат да преземе мерки, да го испита случајот, директорот да одговара пред законот. Не смее да се дозволи прилепската гимназија, која што со генерации е гордост на учениците, да го допре дното“, изјавија револтирани родителите, кои влегоа и во училишниот објект со цел да се сретнат со директорот Николоски.

    „Бараме да го повика Родителскиот совет во проширен совет и средба со сите родители на учениците од гимназијата, за да ни објасни кои се причините што ги повикуваше децата вчера да излезат на протести. Се надеваме дека ќе ги остави децата натаму да учат овде и да се образуваат и се надеваме дека без последици по успехот ќе учат децата кои му се спротивставија“, изјави Илија Маркоски.

    „Сите сме дојдени затоа сме сериозно загрижени. Децата кажуваат дека влегла група од индустриско училиште, по нив влегол и директорот со барање дека треба да се излезе на протестите, а сите го видовме и говорот што го одржа“, вели Матилда Спиркоска.

    „Од почетокот на протестите на ‘За заедничка Македонија’, децата кажуваат дека апсолутно немаат комплетна настава, значи дека се ослободени од одредени професори кои јавно им кажуваат дека ќе настапуваат на митингот на протестот и учениците се повикани на тие протести. За жал, вчера Прилеп и директорот покажаа дека просветните работници се избираат не по квалитет, туку од штабовите на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Мартин Андоноски.

    Народниот правобранител Иџет Мемети денеска соопшти дека по сопствена иницијатива отворил постапка против директорот на прилепската гимназија „Мирче Ацев“.

    Директорот Николоски не беше на работа во моментот на протестот. Тој вчера за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека не држел политички говор пред учениците, дека не ги убедувал да одат на протест, туку дека разговарал со нив, со цел да им ги објасни националните интереси.

    И вчера и денеска ученици од гимназијата заминаа на протести, а друг дел ученици останаа да следат настава. Николоски вчера немаше одговор дали часовите на кои нема да присуствуваат учениците ќе им бидат неоправдани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира