САМО ПЕТ ИНСПЕКТОРИ ГИ КОНТРОЛИРААТ ЗАГАДУВАЧИТЕ ВО СКОПЈЕ

    САМО ПЕТ ИНСПЕКТОРИ ГИ КОНТРОЛИРААТ ЗАГАДУВАЧИТЕ ВО СКОПЈЕНовата директорка на Инспекторатот Ана Петровска кажа дека и покрај недостигот на кадар се прави распределба и ротација на инспекторите заради зголемување на ефикасноста во нивната работа и дека одговараат на сите пријави кои се однесуваат на загадувањето.(Фото: Ѓ. Личовски)

    Државниот инспекторат за животна средина има само пет инспектори за цело Скопје и тие не можат да ја покријат цела територија. Новата директорка на Инспекторатот Ана Петровска кажа дека и покрај недостигот на кадар, се прави распределба и ротација на инспекторите заради зголемување на ефикасноста во нивната работа и дека одговараат на сите пријави кои се однесуваат на загадувањето.

    „Сега за сега, ситуацијата е под контрола и инспекторите се максимално организирани и мобилни за да одговорат на барањата и потребите на оние коишто пријавуваат неправилности. Нецели три недели од периодот кога ја преземав функцијата, спроведени се вкупно 68 редовни инспекциски надзори и 25 вонредни, број што е тројно зголемен за разлика од претходно“, рече директорката Петровска која најави целосна транспарентност и отвореност на Инспекторатот.

    Петровска најави дека денеска вршат инспекциски надзор во „Фени“ каде пред еден месец добија А интегрирана дозвола.

    Фабриката за хартија „Пејпер мил“ од Кочани мерењата на емисиите во воздухот досега ги вршела во лабораторија којашто не била  акредитирана. Поради тоа, како што кажа Петровска, на барање на Инспекторатот спроведено е вонредно мерење, а резултатите и мерките коишто би се презеле ќе бидат објавени до крајот на оваа недела.

    К. СЕЛАМОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира