САМО СТО БЕСПЛАТНИ ВАКЦИНИ ЗА ГРИП ВО ВЕЛЕС, ТЕРМИНИТЕ СЕ ПОТРОШИЈА ЗА ЕДЕН ДЕН

    САМО СТО БЕСПЛАТНИ ВАКЦИНИ ЗА ГРИП ВО ВЕЛЕС, ТЕРМИНИТЕ СЕ ПОТРОШИЈА ЗА ЕДЕН ДЕНВо Центарот за јавно здравје во Велес уште нема да се купи вакцина за грип, најверојатно ќе има најдоцна до првата половина на декември. (Фото: СДК.МК)

    Во приватните здравствени ординации во Велес, во петокот попладнето, како и пред седум дена, трка по слободен „Mој термин“ за да се вакцинираат против сезонски грип пациентите од здравствено ранливите категории. Во оваа трка малкумина стигнале до термин. Неофицијалнo, за Велес се распределени помалку од стотина вакцини, што ќе се  употребат до крајот на неделава. Поради ова, матичните доктори реагираат до министерот за здравство Венко Филипче.

    „Писмено реагирав до министерот, дека со оваа динамика ќе се изгуби целта на вакцинацијата. Бидејќи треба време по приемот на вакцината за да се создаде имунитет, а со ова темпо тоа ќе ни се случи во декември. Пациентите се незадоволни и лути, па за тоа што нема термини нивното незадоволство го искажуваат врз нас“, изјави д-р Лили Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари на Македонија.

    Овие вакцини се бесплатни за лица над 65 години, за хронични болни, бремени жени и деца од 6 месеци до 5 години. Вакцината е француска, четиривалентна, која штити од два типа од грипот „А“ и типот „Б“.

    И додека пациентите очекуваат поголема доза бесплатни вакцини, други очекуваат комерцијална која сè уште ја нема во Центарот за јавно здравје во Велес. Директорката Анастасија Иванова не кажа кога ќе започне бесплатната вакцинација, за која министерот Филипче кажа дека ќе чини 800 денари. Во единствената изјава изминатиот период, за локален медиум, Иванова кажа дека овие вакцини ќе ги има најдоцна до првата половина на декември.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира