Добија струја Дебар, Ресен, Охрид и Струга, и околните населени места, откако сите дефекти во преносната мрежа се отстранети и обезбедено е редовно напојување со електрична енергија, соопшти АД МЕПСО.
„Нормализирано е снабдувањето со електрична енергија, откако претпладнево поради невремето и снежните врнежи без напон останаа 110кV далекувод Вруток-Шпиље и 110кV далекувод Битола-Ресен“, велат од МЕПСО.
Поради дефектот, проблеми имаше и со мобилната телефонија и интернетот.
Ж. ЗДРАВКОВСКА