СЕ АСФАЛТИРА ПАТОТ ЗА ПЕЛИСТЕР КАЈ СЕЛО МАГАРЕВО КОЈ СО МЕСЕЦИ БЕШЕ РАСКОПАН

    СЕ АСФАЛТИРА ПАТОТ ЗА ПЕЛИСТЕР КАЈ СЕЛО МАГАРЕВО КОЈ СО МЕСЕЦИ БЕШЕ РАСКОПАНПатот подолго време пред почетокот на летната сезона беше оставен во лоша состојба, по изградбата на колекторски систем што ја спроведе Министерството за транспорт. (Фото: СДК.МК)

    Се асфалтира патот во потпелистерското село Магарево кој е составен дел од единствената асфалтна сообраќајна врска што води до хотелот „Молика“ и другите туристички дестинции на Пелистер, а за чија лоша состојба САКАМДАКАЖАМ.МК пишуваше на 6 јуни годинава.

    Патот подолго време пред почетокот на летната сезона беше оставен во лоша состојба, по изградбата на колекторски систем за собирање на фекалните води од домаќинствата и туристичките објекти што ја спроведе Министерството за транспорт и врски.

    Општина Битола започна со реконструкција пред неполни два месеца и денес беше ставен нов асфалт.
    Должината на реконструкцијата на оваа делница е 537 метри, а е со вредност од 7.763.966 денари обезбедени од општинскиот буџет.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира