СЕ ЧЕКА ТЕНДЕР ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ НА ТЕТОВСКАТА ДИВА ДЕПОНИЈА

    СЕ ЧЕКА ТЕНДЕР ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ НА ТЕТОВСКАТА ДИВА ДЕПОНИЈАНа дивата депонија има оставено стотици тони смет кој што на овие тропски горештини создава неподнослива смрдеа и е огромно легло на зараза. (Фото: СДК.МК)

    Измина речиси еден месец откако во употреба беше пуштена претоварната станица на ЈКП Тетово, но количината на смет на тетовската дива депонија наместо да се намали се зголеми уште повеќе. Сега на овој простор има оставено стотици тони смет кој што на овие тропски горештини создава неподнослива смрдеа и е огромно легло на зараза. Како и повеќе пати досега, од Јавното комунално претпријатие најавуваат дека наскоро целосно ќе се расчисти дивата депонија.

    „Со ребаланскот на Буџетот на РМ се обезбедија сретства за санација за неколку депонии во Македонија меѓу кои и за оваа во Тетово. Во тек е распишување на тендер за избор на фирма која ќе го транспортира сметот од дивата депонија до претоварната станица. Бидејќи станува збор за голема количина на смет, ние како Јавно претпријатие немаме капацитети ниту доволно возила тоа да го направиме. Очекуваме, откако ќе заврши тендерот, сметот од дивата депонија да биде целосно расчистена за десетина дена“, изјави директорот на ЈКП Тетово Џелал Цека.

    На дивата депонија и денеска камиони на ЈКП го растовараа сметот кој се собира во градот додека на претоварната станица се растовараше сметот кој со трактори се носеше од селата во околината на Тетово.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира