СЕ ФАТИЈА МНОГУ НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ И МНОГУ ВРНЕШЕ, ВЕЛАТ ОД „ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“ ЗА ТОА ШТО СКОПЈЕ ОБРАСНА СО ТРЕВА

    СЕ ФАТИЈА МНОГУ НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ И МНОГУ ВРНЕШЕ, ВЕЛАТ ОД „ПАРКОВИ И ЗЕЛЕНИЛО“ ЗА ТОА ШТО СКОПЈЕ ОБРАСНА СО ТРЕВАНе се искосени зелните површини покрај главните булевари, кејот на Вардар, парковите и игралиштата.(Фото: СДК.МК)

    Главниот град е претворен во џунгла, обраснат со трева од еден метар. Не се искосени зелните површини покрај главните булевари, кејот на Вардар, парковите и игралиштата. 

    Од ЈП „Паркови и зеленило“ велат дека имало многу неработни денови и поради тоа не се стигнало да се искоси секаде тревата во градот.

    Се фатија десет неработни денови со празници и изборите. Исто така, изминатиов период имаше дождови, па сонце и затоа тревата е толку порасната. Веќе се работи со стандардна динамика, се косеше и во неделата. Денеска се коси кејот, а во наредните денови ќе се поминат и останатите зелени површини“, велат од „Паркови и зеленило“.

    Неискосен е и дворот на Владата, за што минатата недела се скараа градоначалничката Данела Арсовска и техничкиот премиер Талат Џафери. Џафери ја повика Арсовска да ја искоси тревата, а таа му одговори дека тоа не е нејзина надлежност и сам да си го среди дворот.

    Освен што градот е неискосен, уште не е почнато ниту прскањето против комарци иако веќе е средина на мај. Не се знае ниту кога ќе се прска, оти тендерот за набавка на средство за прскање пропадна.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира