СЕ ОСЛОБОДУВААТ ЗАРОБЕНИТЕ ДРВЈА ВО ВЕЛЕС

    СЕ ОСЛОБОДУВААТ ЗАРОБЕНИТЕ ДРВЈА ВО ВЕЛЕСВработени во ЈКП „Дервен“ го прошируваат просторот околу кореновиот систем на оние локации каде се мапирани заробени дрвја. (Фото: СДК.МК)

    Општина Велес почна со акција за ослободување на заробените дрвја низ градот. Вработени во ЈКП „Дервен“ го прошируваат просторот околу кореновиот систем на оние локации каде се мапирани заробени дрвја.

    „Порамнувaње на бекатон плочките околу дрвата и поправка на тротоарот се врши од влезот на Велес од населба Тунел па до Градскиот саат. Но, и таму каде ќе се евидентира дека има заробени садници“, кажаа од ЈКП „Дервен“.

    Професорот Кирил Сотировски од Шумарскиот факултет во Скопје, вели дека имаат бизарни ситуации на заробени стебла во Велес.

    На дрвјата во Велес забрането е да се лепат некролози и било каков друг пропаганден материјал. Целта е да се создадат услови за подобар развој на зеленилото. Одлуката е донесена во јуни 2019 и со неа не се предвидени казни.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира