СЕ ПОШУМУВА РИДОТ КАЈ ГЛАВНИОТ КАНАЛ ЗА ИСПОРАКА НА ВОДА ЗА БИТОЛА И РЕК

    СЕ ПОШУМУВА РИДОТ КАЈ ГЛАВНИОТ КАНАЛ ЗА ИСПОРАКА НА ВОДА ЗА БИТОЛА И РЕКВо акцијата учествуваа сите вработени во јавното претпријатие „Стрежево“ (Фото: СДК.МК)

    Вработените од јавното претпријатие „Стрежево“ од Битола денеска засадија 2.000 багремови садници на ридот кај главниот канал од каде се врши испорака на вода за општините Битола, Могила и Новаци, житницата Пелагонија, како и за РЕК „Битола“ и друга индустрија. На ова место пред четири години имаше свлечиште кое го оштети каналот и на извесен период го запре дотурот на вода за Битола и Пелагонија, па целта на пошумувањето е ова да се спречи во иднина.

    „Одбележуваме 41 година од основањето на хидросистемот ‘Стрежево‘ со пошумување на ридовите каде што беше свлечиштето. Целта е да го стабилизираме земјиштето над и под главниот канал и до некаде да спречиме негова ерозија, за во иднина да не се создаваат нови свлечишта и поплави“, рече директорот Менде Граматиковски.

    Во акцијата учествуваа сите вработени во препријатието и ова е само прва фаза од еко-акцијата.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари