Две лица од тетовското село Старе Село, 68-годишниот М. Ј. и 30-годишниот Д. С., вчеравечер влегле во угостителски убјект во село Копанце и претставувајќи се како инспектори од Министерството за внатрешни работи почнале да ги легитимираат гостите. Двајцата, кои биле во видливо алкохолизирана состојба, извадиле и пиштоли на масата и побарале од угостителот да бидат послужени. Набрзо биле пријавени во СВР Тетово чии полициски службеници ги уапсиле нешто после 2 часот, соопшти МВР.
При нивното лишување од слобода, од М. Ј. бил одземен пиштол „застава магнум 357“ со 6 куршуми, а од Д. С. пиштол „парабелум 9 милиметри“ со празна рамка, кои нелегално ги поседувале. Кога дошла полицијата, Д. Ц. се обидел пиштолот да го фрли под контејнер. Полицијата во нивното возило „форд ка“ со тетовски регистерски таблици пронашла и 8 чаури.Пронајдено оружје и чаурите полицијата ги фотодокументирала и со потврда се одземени за вештачење.
МВР вели дека двајцата се задржани во полициската станица и се работи на расветлување на сите поединости за случајот.