СЕ ПРЕВРТЕ АВТОБУС СО РАБОТНИЦИ ВО БИТОЛА, ПЕТМИНА ПОВРЕДЕНИ

    СЕ ПРЕВРТЕ АВТОБУС СО РАБОТНИЦИ ВО БИТОЛА, ПЕТМИНА ПОВРЕДЕНИСите повредени се вон животна опасност. (Фото: СДК.МК)

    Автобус кој утрово превезувал работници во фабриката „Кромберг и Шуберт“ се превртел од патот на излезот од индустриската зона „Жабени“ во Битола. Полицијата потврди дека несреќата се случила утрово околу 6,30 часот, кога автобусот се превртел од патот.

    Од Битолската болница соопштија дека се донесени 5 повредени пациенти со полесни повреди, третирани амбулантски и не се хоспитализирани.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира