СЕ РАСИПАА ТРИ КАМИОНИ ЗА ЃУБРЕ НА ВЕЛЕШКИТЕ КОМУНАЛЦИ, ОПШТИНАТА ДОЛЖИ ПОЛА МИЛИОН ЕВРА ОТИ 4 ГОДИНИ НЕ ПЛАЌАЛА ФАКТУРИ

    СЕ РАСИПАА ТРИ КАМИОНИ ЗА ЃУБРЕ НА ВЕЛЕШКИТЕ КОМУНАЛЦИ, ОПШТИНАТА ДОЛЖИ ПОЛА МИЛИОН ЕВРА ОТИ 4 ГОДИНИ НЕ ПЛАЌАЛА ФАКТУРИПоради тоа што претходната власт четири години не ги плаќала фактурите кон Јавното комунално претпријатие „Дервен“, Општина Велес му должи половина милион евра, а возниот парк со години не е обновен (Фото: СДК.МК)

    Вчера се расипале три камиони од застарениот и со години необновуван возен парк на Јавното комунално претпријатие „Дервен“ во Велес, па ѓубрето во одделни делови на градот не е собрано. Поради тоа што претходната власт четири години не ги плаќала фактурите кон „Дервен“, Општина Велес му должи половина милион евра.

    „Недостатокот од инвестиции во обнова на возниот парк на комуналното претпријатие што се случуваше во изминативе десетина години го доведе до ситуација да не сме во состојба редовно да извршува дел од услугите спрема корисниците, за собирањето смет од домаќинствата. Во текот на вчерашниот ден се расипаа три камиони што го отежна работењето“, велат од „Дервен“ и додаваат дека за надминување на проблемот, позајмен е камион од јавното претпријатие  „Тополка“ од Чашка .

    „Дервен“ во моментов располага со девет автосмеќари, од кои функционираат само два и тоа оние со најмала запремнина од 4м2, потоа три автоподигачи од кои исправни се  два, и шест трактори од кои работат четири. Во претпријатието се работи на поправка и оспособување на возилата, по што ќе се нормализира собирањето на сметот од домаќинствата. Изминатите 15 месеци се набавени еден камион смеќар со запремнина од 24 м3 и два трактори со приколка и запремнина од 4 м3 смет.

     П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира