СЕ ТЕСТИРААТ ВРАБОТЕНИ И ПАЦИЕНТИ ВО ХОСПИСОТ „СЈУ РАЈДЕР“, ОТКАКО ОД КОВИД-19 ЗАБОЛЕА 12 ЛИЦА

    СЕ ТЕСТИРААТ ВРАБОТЕНИ И ПАЦИЕНТИ ВО ХОСПИСОТ „СЈУ РАЈДЕР“, ОТКАКО ОД КОВИД-19 ЗАБОЛЕА 12 ЛИЦАХосписот има капацитет од 70 легла, а дел од згрижените лица се неподвижни. (Фото: СДК.МК)

    Бројот на заболени од коронавирус од лицата згрижени во хосписот „Сју Рајдер“ во Битола се искачи на 12, потврдуваат од Центарот за јавно здравје во Битола за САКАМДАКАМАЖ.МК. Од таму велат дека епидемиолозите се на терен.

    Двајца пациенти биле позитивни уште во петокот, а од викендов уште десет се позитивни на ковид-19. Денес се земаат брисеви уште од една група. Има и неколку од вработените кои имаат симптоми и сега се дома, па и тие ќе се тестираат.

    Во хосписот по појавата на пандемијата на коронавирус забранет е влезот за невработени лица, како и за членови на семејствата на згрижените пациенти. Овој хоспис е испостава на ЈЗУ Геронтолошкиот завод од Скопје. Има капацитет од 70 легла, а дел од згрижените лица се неподвижни.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира