СЕ ТРАГА ПО ИЗГУБЕН ПЛАНИНАР НА ПЕЛИСТЕР

    СЕ ТРАГА ПО ИЗГУБЕН ПЛАНИНАР НА ПЕЛИСТЕРАкцијата за пронаоѓање и спасување на планинарот е во тек. (Фото: СДК.МК)

    На подрачјето на Националниот парк „Пелистер“, во близина на локацијата позната како Антена, пријавен е изгубен планинар, соопштија од  Центарот за управување со кризи. Станува збор за 37-годишник од Прилеп, кој бил пријавен за загубен од лицата со кои се искачувал на планина.

    Лицето било телефонски достапно околу 10 минути, по што сигналот на мобилниот бил изгубен. Потрагата првично била извршена со ратрак, но без успех.

    Случајот е пријавен во СВР Битола и во НП „Пелистер“, по што веднаш се упатени екипи на терен. Поради непристапниот терен и густата магла, од Ситуациониот центар биле побарани координати, при што биле доставени координати кои не одговараат на пријавената локација на планинарот.

    Акцијата за пронаоѓање и спасување на планинарот е во тек.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира