СЕ УДАВИ ДЕВОЈЧЕ ВО НЕОБЕЗБЕДЕН БАЗЕН ВО БИТОЛА ШТО НЕ Е ВО УПОТРЕБА

    СЕ УДАВИ ДЕВОЈЧЕ ВО НЕОБЕЗБЕДЕН БАЗЕН ВО БИТОЛА ШТО НЕ Е ВО УПОТРЕБАБазенот е во сопственост на Јавното претпријатие „Стрежево“ од Битола, но уште од претходната власт на 12 април 2017 година бил издаден под концесија на приватна компанија. (Фото: СДК.МК)

    Девојче се удави во базенот „Довлеџик“ во Битола. Од Битолската полиција потврдуваат дека имаат таква пријава, а детали за случајот ќе објават подоцна.

    Неофицијално дознаваме дека девојчето влегло да се капи во базенот кој сѐ уште не е отворен за посетители оваа сезона.

    Базенот е во сопственост на Јавното претпријатие „Стрежево“ од Битола, но уште од претходната власт на 12 април 2017 година бил издаден под концесија на приватна компанија „Мега Груп“. И на влезот од базенот поставена е табла на која го пишува името на приватниот концесионер.

    Од ЈП „Стрежево“ изразија големо жалење за трагедијата.

    „Потресени сме од овој немил настан. Базенот е даден под концесија на фирмата ‘Мега груп’ уште пред две години, од претходната власт. И ние прашуваме зошто на базенот немало обезбедување? Нашиот диспечер има обврска да го ја контролира водата во каналот, обезбедување требаше да има приватниот концесионер. Нашата фирма се труди да работи одговорно. По ова, а и по критики од минатата година, детално ќе го разгледаме договорот со концесионерот“, изјави Менде Гранатковски, директор на ЈП „Стрежево“.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира