СЕ УРЕДУВА ПРИСТАПОТ ДО КОЛЕШИНСКИ ВОДОПАД И МОКРИНСКИ ИЗВОРИ СО ЦЕЛ ДА СЕ ПРИВЛЕЧАТ ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ

    СЕ УРЕДУВА ПРИСТАПОТ ДО КОЛЕШИНСКИ ВОДОПАД И МОКРИНСКИ ИЗВОРИ СО ЦЕЛ ДА СЕ ПРИВЛЕЧАТ ПОВЕЌЕ ТУРИСТИПатеките се поплочуваат со природен материјал (Фото: СДК.МК)

    Почна реконструкцијата на постоечките, но и изградба на нови патеки до Колешински Водопад и Мокрински Извори, локалитети на кои ќе биде поставена и нова урбана опрема, како летниковци, излетнички маси и платформи. Станува збор за проект кој го спроведува Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, со средства обезбедени од Бирото за регионален развој и Општина Ново Село во висина од 63.000 евра.

    На Колешински Водопад ќе се поплочуваат делници од патеката со природен материјал и ќе се изведува нова ограда. Согласно проектот, ќе се обноват летниковците и ќе се постават нови три излетнички маси. Ќе се постават и нова дрвена платформа пред водопадот и нови 15 корпи за отпадоци, кои ќе нудат можност и за негова селекција“, вели градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов.

    Нова пристапна камена патека, летниковци за пристап и на лица со инвалидски колички, традиционална фурна и урбана опрема се планираат и на Мокринските Извори. Сите овие активности треба да бидат реализирани до почетокот на летото.

    Овој проект ќе го зголеми бројот на туристите што ќе нè посетат во иднина. За нас, приоритет е локалниот економски развој преку руралниот туризам. Има интерес за подигање сместувачки капацитети, за што во тек е постапката за урбанизација на две викенд населби во Мокрино и Смоларе“, кажа Божинов.

    Годишно, водопадите на Беласица, но останатите локални природни убавини ги посетуваат околу 50.000 гости од земјава и странство.

    В. ТРАЈКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира