СЕ УРИВА БЕТОНСКАТА БАЗА НА СОВЕТНИКОТ ОД ДУИ НЕФИ УСЕИНИ ВО ОХРИДСКАТА НАСЕЛБА ДАЛЈАН

    СЕ УРИВА БЕТОНСКАТА БАЗА НА СОВЕТНИКОТ ОД ДУИ НЕФИ УСЕИНИ ВО ОХРИДСКАТА НАСЕЛБА ДАЛЈАНСтанува збор за објект кој е изграден без каква било дозвола, велат од Општина Охрид; - Бетонската база на брегот на Охридското Езеро кај Далјан. (Фото: СДК.МК)

    Општина Охрид денеска почна да ја урива бетонска база на советникот од редовите на ДУИ Нефи Усеини. Градежна механизација ангажирана од Општината со кранови почна да ги отстранува дивоизградените објекти од брегот на Охридското Езеро во населбата Далјан.

    „Акцијата на оваа локација почна денеска и ќе продолжи во наредните денови. Станува збор за објект кој е изграден без каква било дозвола“, велат од Општина Охрид.

    Општина Охрид пред две недели почна со акција за отстранување на дивиозградени објекти, шанкови и платформи долж Езерото.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира