СЕ ЗАПАЛИ АВТОБУС НА ЈСП „СКОПЈЕ“ ВО СОПИШТЕ, НЕМА ПОВРЕДЕНИ

    СЕ ЗАПАЛИ АВТОБУС НА ЈСП „СКОПЈЕ“ ВО СОПИШТЕ, НЕМА ПОВРЕДЕНИСе интервенирало со две протипожарни возила и 8 пожарникари и пожарот е изгаснат.(Фото: СДК.МК)

    Денеска околу 12.30 часот се запали автобус на линијата 58 на ЈСП „Скопје“. Се запалил моторот на автобусот додека се движел со патници на кружниот тек во Сопиште.

    „Нема повредени патници, сите кои биле во автобусот биле навремено евакуирани“, велат од Бригадата за противпожарна заштита на Скопје Пожарна.

    Се интервенирало со две протипожарни возила и 8 пожарникари и пожарот е изгаснат.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира