СЕ ЗАПАЛИ КАБИНА ЗА РЕНТГЕН СНИМАЊЕ, ЕВАКУИРАНА КЛИНИКАТА ЗА РАДИОЛОГИЈА

    СЕ ЗАПАЛИ КАБИНА ЗА РЕНТГЕН СНИМАЊЕ, ЕВАКУИРАНА КЛИНИКАТА ЗА РАДИОЛОГИЈАПожарот во моментов е локализиран, нема повредени. (Фото: СДК.МК)

    Кабина за рентген снимање се запали на Клиниката за радиологија во Клиничкиот центар во Скопје. Поради пожарот евакуирани се сите пациенти и вработени, а како што велат од Бригадата за противпожарна заштита нема повредени.

    „Навремено интервениравме со 5 возила и 12 пожарникари, нема повредени од пожарот, само материјална штета. Целиот објект е евакуиран, а пожарот во моментов е локализиран. Екипи од МВР ќе извршат увид, а најверојатно пожарот е предизвикан од инсталацијата“, вели Звонко Томески заменик-командант на Пожарната бригада на Скопје.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира