СЕЧА НА БОЛЕН КОСТЕН НА БОЕМСКА УЛИЦА ГИ ВОЗНЕМИРИ ЖИТЕЛИТЕ НА ДЕБАР МААЛО

a:2:{s:16:"td_post_template";s:18:"single_template_EU";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СЕЧА НА БОЛЕН КОСТЕН НА БОЕМСКА УЛИЦА ГИ ВОЗНЕМИРИ ЖИТЕЛИТЕ НА ДЕБАР МААЛО

    Купишта исечени гранки од утрово стојат на тротоарот на продолжението на Боемската улица во Дебар маало. Жителите, вознемирени дека почнува нова сеча на дрвјата, алармираа на социјалните мрежи, но од Општина Центар велат дека се работи за сечење на само едно болно дрво кое веднаш ќе биде заменето со ново.

    debar-maalo-seca-5678 „Исечен е еден заболен  костен, не се работи за масовна сеча. За него ’Паркови и зеленило’ има решение за сечење. Граѓаните веќе 1,5 година го пријавуваат болното дрво. На местото на костенот веднаш ќе засадиме нов и тоа не прачка, туку садник со стебло дебело 30 сантиметри, велат од Центар.

    Освен замената на старото дрво, на продолжението на Боемската улица ќе биде засаден цел дрворед костени. Во тек е јавна набавка на 18 садници кои ќе бидат засадени на местатата кои сега стојат празни на улицата.

    Уредувањето на продлжението на Боемска улица, потегот од кафеаната Идадија до училитето Коле Недолковски е во завршна фаза. Поставена е нова атмосферска канализација, ново осветлување, а се работи на поплочување на улицата.

    М. ЗАФИРОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира