СЕГДЕ ИМА ДИВОГРАДБИ, НЕ САМО ВО ЧАИР, ИМА ИНСТИТУЦИИ КОИ ТРЕБА ДА ПОСТАПАТ АКО ИМА НЕШТО НЕЗАКОНСКИ, РЕЧЕ ГАНИУ И ЈА ОБВИНИ АРСОВСКА ДЕКА ОДРАБОТУВА ЗА ДУИ

    СЕГДЕ ИМА ДИВОГРАДБИ, НЕ САМО ВО ЧАИР, ИМА ИНСТИТУЦИИ КОИ ТРЕБА ДА ПОСТАПАТ АКО ИМА НЕШТО НЕЗАКОНСКИ, РЕЧЕ ГАНИУ И ЈА ОБВИНИ АРСОВСКА ДЕКА ОДРАБОТУВА ЗА ДУИБаџети вели дека објектите се легализираат според Законот како во сите други општини во земјава.(Фото: Принтскрин МИА)

    Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу денеска на прес-конференција кажа дека обвинувањата од градоначалничката на Скопје Данела Арсовска за дивоградбите не се точни. Вели дека секаде во Скопје има дивоградби, не само во Чаир, а ако нешто е незаконски ги повика институциите да постапат.

    Во Општина Чаир дури 80 отсто од објектите пред да биде донесен Законот за легализација на дивоградби беа без никаква документација. Објектите се легализирани според Законот како во сите други општини во земјава. Во сите општини има дивоградби, не е во ред само во Чаир да се бараат. Ова е шоу што го прави Арсовска, каков е тој начин на кој ми се обраќа. Ништо не сме избришале во Катастар, таа зграда која ја пушташе Арсовска не е легализирана, ниту во Чаир има празно место за да се гради нелегално на државно земјиште“, рече Ганиу.

    Тој кажа дека Арсовска обработува за ДУИ кои се плашат од пораз на локалните избори. 

    Арсовска одработува за ДУИ, таа не комуницира со ниту еден градоначалник освен со градоначалникот на Сарај. Бујар Османи и Блерим Беџети престанете да се криете зад Арсовска. Ова што го правите е паника затоа што знаете дека ќе изгубите на локалните избори во Чаир“, рече Ганиу.

    Рече дека синоќа го истурил ѓубрето пред седиштето на Град Скопје иако знаел дека тоа е незаконски бидејќи веќе нема како да постапат со него оти цела општина вклучувајќи ја и Старата скопска чаршија се затрупани со смет затоа што Арсовска не чисти.

    Арсовска изминативе две недели шета низ Чаир и објавува видеа од згради кои вели дека се дивоградби, а Ганиу незаконски ги легализирал. 

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира