Државната химна „Денес над Македонија се раѓа“ ќе се интонира секој понеделник во основните и средните училишта во Битола, како и на почетокот на секоја седница во општинскиот Совет. Ова денес во Советот го предложи советникот од ВМРО-ДПМНЕ Михајло Вангелов.
„Со ова децата ќе изразат искрена почит кон таковината со една цел да се подигне националното чувство и љубовта на учениците кон својата земја, Република Македонија, но и ќе ги охрабриме да учат за македонската култура и традиција“, рече Вангелов.
За неговиот предлог да биде ставен на дневен ред гласаа сите советници, со исклучок на советничката на ДУИ која беше против.
Ж. ЗДРАВКОВСКА